Хранарина и превоз одат во историја ... т.е. во бруто плата ...
Министерството за финасии спрема закон за бруто плата ... со овој закон ке се укинат попларните Хранарина, Превоз и веројатно К-15 ... во суштина работодавачот ке мора и на овие трошоци да пресметува доприноси ... што ке представува зголемување на оптеретувањето на стопанството - кое ке се ублажи со предвиденото намалување на доприносите ...
Дали синдикатите ке премолчат за овие измени ... тука директно се влегува во правата на работниците ...
- ОД 2009 ГОДИНА СТАРТУВА БРУТО-ПЛАТАТА -Ќе се укинуваат хранарината и превозот ...
Задолжително средно ... 6000 сеуште назапишани ...
Концептот на задолжително средно образование е на испит/проба ... 6000 оснвци сеуште не се запишани во средно ... Министерството за Образование се заканува со казни до родителите (1000 евра ...) ... ромите и пасивните/планинските/земјоделските краишка се најзастапени во незапишаните во средно ... зрели сме за десетолетка - како во повеќето земји на запад ...
Девалвација ...
Уште тоа ни треба ... некои ја посакуваат ... девизните резерви се топат ... инфлацијата досега стигна до десетини проценти ... велат стагнирала со тенденција на пад ... можно ли е да влеземе во спирала на инфлацијата - што ке предизвика спиала на девалвација ... тоа е последно што ни треба ...
Пловечки градови ... Floating city ... Колонизација на океаните ...
Во последните неколку години светската научна јавност посочува дека се движиме во доба на глобално загревање на планетата земја ... што ке представува зголемување на површините под вода ... така да едно од предвидувањата е дека за 100 години нивото на морето ке се дигне за неполн метар ... тогаш Лондон, Њујорк и многу светски метрополи ке бидат под вода ... како денешна Венеција ... дел од футуристите се занимаваат - како да го решат проблемот со животниот простор на луѓето:






Од оружје се гине ...
| “Оној кој носи и утпотребува сабја - од сабја и умира ...“. Ова е стара народна мудрост - која важи засекогаш ... преведено на денешни денови - Оној кој поседува, носи и употребува оружје - од оружје и умира ... Кога нашиве “браќа“ албанци ке го разберат ова ... Што сега му значи на Рафис Алити (потпретседателот и пратеникот на ДУИ ...) што неговата партија ке формира Влада ... веројатно ништо - во однос на животот на неговиот син ... кој заедно со уште осум Албанци се застрелани во вчерашната престрелка во Радуша .. |
Со штикли и Б.Ц. во мислите - на плажа ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сепак заедно во Влада ...
Доцна синоќа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сепак се договорија за учество во нова Влада на РМ ...
- Груевски со ова докажа дека созреал како политичар ...
- се одлучува на варијанта која му дава можност во подполност да ја спроведе својата програма ...
- со ова Груевски има и двотретинско и бадинтерово мнозинство ...
- веројатно во текот на мандатот брзо ке се донесат сите закони од ЕУ регулативата за кои беше неопходно бадинтеровото мнозинство ...
- можно е брзо да се промени и Уставот особено во делот за избор на Председателот на РМ ... не е тајна дека Груевски се залага за избор на председател во Парламентот ...
- пред изборот на Влада најверојатно ке претрпи измена и Законот за Влада на РМ ... нови министерства за Информатика и ЕУ интеграции ...
Домати - Струмица ... Праски - Росоман ...
Цената на доматите е во постојан пад ... на нивите во струмичко се откупуваат и по десет денари за килограм ... производителите се разочарани - очекувале цена барем од 20 денари ... Слично е и со праските ... стигнаа за берба а од цената не се задоволни производителите ... додуша ние како потрошувачи сме ептен задоволни од ниските цени ... Има ли доволен исвоз и како е во однос на лани ... ??.
Што да правиш ако те касне змија ...
| Во топлово време змиите излегуваат од земјата ... секако во потрага за храна ... змиите се месождери ... најчеста храна на змиите се ситните животики ... змиите не напаѓаат покрупни животни во кои спаѓа и човекот - осем ако не бидат загрозени од нив ... змијата по правило бега од човекот ... дедоми бог да го прости велеше “се што е помало од тебе не е опасно ...“ Но - што да прави човек ако случајно го касне змија ... секако треба да појде во најблиската болница на стручен назор на лекар ... но змии нема по градовите тие се во планините ... по камењарите ... што човек треба таму да направи ... секако треба да се трудите да не ве касне змија ... змиите најчесто касаат на стопалото до глеждот ... значи ако сте во планина одете со планинарска кондура која сигурно ке ве заштитиод змиите ... но ете не сте се спремиле за тоа и ве каснала змија ... не сте сигурни ни дали е отровна ... во МК има само неколку вида на отровни змии ... Пробав да просурфам низ интернет како треба да се постапува кога ке те касне змија:
еве и други совети ...
Еден од овие два совета е грешен ... местото каде е гризнато треба да се држи високо над срцето или ниско ... би бил благодарен ако посочите други сајтови каде се дава упатство - постапка што треба човек да прави ако случајно го касне змија ... добрите советике ги едитирам во постот ... |
Срѓан Керим за Министер за надворешни ...
Дипломата од кариера ... тоа е она што ма Македонија во овој момент и треба ... Керим е долгогодишен дипломат со големо искуство и огромен број на пријатели меѓу дипломатите ... Керим би бил добар избор за Министер за надворешни работи на Македонија ...
Зошто на Македонија и требаат НАТО и ЕУ ...
По се поголемиот раст на НАТО и ЕУ скептицизмот, би се осврнал на прашањето - зошто на Македонија и Македонецот и се неопходни НАТО и ЕУ ...
Македонија е една од најмалите држави во светот и по својата територија и по бројот на жителите ... значи во денешно време на глобализација - неможе да функционира самостојно, пред се економски ... а и безбедносно ... значи НАТО ни е потребен заради сигурноста на безбедносен план ... а ЕУ заради економската сигурност ...
Има и една трета, не толку помалку важна цел зошто ни се потребни НАТО и ЕУ ... тоа се СТАНДАРДИТЕ на НАТО и ЕУ ... преку исполнувањето на стандардите на НАТО и ЕУ, се подобрва квалитетот на животот на секој жител/граѓанин на Македонија ... така ке се спасиме од потребата да измислуваме “топла вода“ ... ке се спасиме од самите себе ...
ВмроДпмне и Дуи функционираат во Парламентот ...
Сите закони кои се носат деновиве во Парламентот - се со подршка на пратениците од ДУИ ... сето тоа навестува дека преговорите за Влада со ДУИ одат во добар правец ... тоа истотака значи дека овие две партии ке имаат и двотретинско и бадинтерово мнозинство ... ке можат да ги менуваат сите закони, дури и Уставот ... 63+18=81 ...
Вињета ... Vignette (road tax) ... Vinjeta ...

| Avstrija | letna 73,80 € | 2-mesečna 22,20€ | 10-dnevna 7,70 € | |
| Češka | letna 42 € | mesečna 14 € | tedenska 9 € | |
| Madžarska | letna 158 € | mesečna 18 € | 10-dnevna 11 € | 4-dnevna 5 € |
| Slovenija | letna 55 € | polletna 35 € | ||
| Slovaška | letna 36 € | mesečna 10 € | tedenska 5 € | |
| Švica | letna 25 € |
Целта на војната во Ирак ...
Во историјата на воените судири на Ирак - ниедна војна не траела пократко од 10 години ... а такви војни имало многу на број ... таква е и последната повеќегодишна ...
На сите ни беше објавено дека последната војна е за да се демократизира Ирак ... да се симне од власта тиранот во лицето на Садам ... и да се уништат неговите арсенали на хемиско и биолошко оружје ... како и да престне соработката на Садам со Алка-еда ... Со војната падна режимот на Садам - кој е обесен во судски процес ... не се пронајде ниту биолошко ниту хемиско оруќје ... не се докажа поврзаноста на Садам со Алка-еда ...
Што ли ке никне од утробата на Косово за некоја година ??.Стрижење ...


Ана и Олег Контраденко ... виолина ...
|
Вода ...
После воздухот водата е вториот природен елемент кој е неопходен за преживување ... Има една изрека: “она што го имаш не го цениш додека не го изгубиш ...“ - така е и со водата ... по-становите ја имаме во доволни количини и секојпат кога ке ни текне во кујната и купатилото ... проблем, море цела епопеја имаме кога ке снема вода (поради дефект ...) ... дури тогаш ја разбираме убавината на нашата чешмичка ...
Слично е и со водата на нашите ниви ... нивите се со добар квалитет, сонце има фали само вода во доволни количини ... дури и две жетви може да има ...
Затоа секоја инвестиција - во прибирање и прочистување на водите, се враќа повечекратно во годините по крајот на инвестицијата ... да секоја капка е важна ...
- Нафта во Македонија ... бушење на бунари за вода му е мајката ...
- Наводнување ... владата изборно ветува 34 милиони евра до 2012 ...
- ВОДОВОД СКОПЈЕ ...
- Изворите на питка вода - во и околу Матка ...
Драмата на Егејците - фељтон во Утрински ...
Егејците како ретко кој народ во историјата имаат претрпено драма која е вистински егзодус ... на неколку постари постови имам пишувано за овој егзодус и како тој се одвивал:
читај повеќе »- Герт Ламбер ... Geert Lambert ... ја прашува ЕУ за МК малцинство во Грција ...
- Каменувана куќата на Царкњас ...
- Виножито повторно го загорчува животот на грчките политичари ...
- Писмото на Павлос Филипов Воскопулос - Виножито ... до д-р Кондолиза Рајс ...
- АБЕЦЕДАР ... ABECEDAR ...
- ИСТОРИЈА на Македонското прашање во Егејска Македонија ...
- Нашата култура е нуклеарно оружје против тезите за хомогено грчко општество ... интервју на Васкопулос во Дневник ...
- Грција се уште е глува за Македонците ... интервју на Васкопулос во дневник ...
Фељтонот кој од вчера оди во Утрински (Драмата на Егејците ...) ке го пратам преку линкање во коментари за да ми остане во архива ...
Mајките ги испраќаат своите деца до југословенската граница, пешки преку тешкопроодните планински патишта
Пречек на децата на железничката станица во Скопје
Се преговара со албанските партии за коалиција во владата ...
Деновиве Груевски разговара со двете албански партии - со која од нив ке се оди во Влада ... Груевски не е тајна ги преферира ДПА ... но ДУИ го има клучот од бадентеровото мноџзинство ... со тој клуч деновиве Ахмети уценува дека ке го блокира собранието за бадентеровите закони ...
Груевски ги покани двете албански партии да ги делат петте министерства наменети за албанците - но и двете албански партии одбија да одат заедно ... Се чини дека заради мир во куќата Груевски овојпат ке коалицира сепак со ДУИ ... сосе мајскиот договор ... и приде уште некоја одстапка ... останува ДПА која веројатно ке се “радикализира“ ... секојпат е така кај албанските партии едните играат “добри“ а другите “лоши“ момци ... а всушност работат на остварување на заеднички цели ...
Еу интеграции ...
Во минатите шест месеци кога со ЕУ председателствуваше пријателска Словенија ... не успеавме да направиме значаен исчекор во ЕУ интегративните процеси ... како и сиве овие 18 години не кочеше Грција - со своите пријатели ... во кочењето “срамежливо“ припомогна и Бугарија ...
Сега кога председателствувањето го презема Франција - не очекувам некои спектакуларни резултати .. Франција отворено кажува:
- најпрвин решете си го прашањето со Грција ... сакајте ги грците ...
- а Еу мора да го реши прашањето со Ирска ...
- самоубиство на интегративниот процес направивме со начинот на кој поминаа изборите ...
- како и да сите советуваат реформите да продолжат ...
- се надевам дека барем со визите до крај на година ке се среди и конечно ке ни се укинат ...
- ЕУ скептицизмот расте ...
ВмроДпмне реши да ги вежба “тројките“ ...
Не, не се работи за кошарка ... ВмроДпмне реши да врати една организациона единица од историското ВМРО таканаречените “тројки“ кои ги воведе Ванчо Михајлов а служеа за ликвидација на предавниците ... (...Михајлов го распушта четничкиот институт, и прави преорганизација во силите и тактиката. одсега наместо праќање вооружени чети, во Вардарска Македонија се испраќани тројки со експлозив и пиштоли. Се минираат пруги, патишта, колони, касарни. Секојдневно се вршат атентати на српски офицери и администрација. ...)
Додуша овојпат се работи за „тројки“ кои ќе ги ловат новите „предавници“ во ВМРО-ДПМНЕ ... таканаречен нов вид на внатрешна контрола во партијата ...
Шансите на Србија за ЕУ се зголемуваат ...
Со формирање на новата Влада во Сбија шансите на Србија за ЕУ драстично скокаат ... останува само да ја зголемат соработката со Хашкиот трибунал ... Србија е и во најнапредната фаза со либерализација на визите - ветено им е скоро укинување ...
Кој губи а кој добива со Кредитните/Дебитните картички ...
Македонија длабока навлегува во светот на Кредитните и Дебитните картички ... Граѓаните со недоверие гледаат на картичките (пластиката ..), особено оние постарите кои сакаат во џебот наместо пластика да имаат кеш ...
Кој и што добива/губи со картичката ...
- добиваат граѓаните ... бидејки немора да носат кеш ... а повеќе добиваат оние кои имаат кредитни картички бидејки до одредена сума на одобрениот кредит граѓаните лесно добиват кредит преку картичките ...
- добиваат и поголемите трговски продавници кои имаат читачи на кредитни картички од сите банки ...
- секако добива и државата - бидрјки секое плаќање преку картичка автоматски значи и впишување на дневен промет .... со што се наплатува и ДДВ-то ...
- највеќе добиваат банките кои наплатуваат провизија од трговците во висина од 1.5 до 3 проценти од трансакцијата ... а одобруваат и кредитни линии на граѓаните со високи процентни стапки ...
- највеќе губат трговците - особено оние ситните кои неможат да ја пкријат провизијата на банката ... па често трговците ја префрлаат провизијата на купците ...
На темата пишува и денешен Утрински ... Купувањето со картички поскапо задоволство ...
Груевски го отвара “Егејското прашање“ - пред Нимиц...
Во разговорите со Нимиц Груевски го отвара егејското прашање ...
- решение и меѓународно посредување за прашањето на имотите на протераните Македонци од северна Грција,
- право на двојно државјанство,
- непречена посета на родните места од кои се протерани,
- како и културно и образовно организирање на Македонците во северна Грција согласно стандардите на ООН, ОБСЕ и ЕУ
Свадба ... вистинско ширење на македонизмот ...
Вчера бев на свадба кај другарот - кој ја женеше керката ... до пред малку ги средував фотките кој ги направив на свадбата ... денеска немам време, уште малку ке одам да афтерпати забава, каде во интимно друштво ке ги гледаме фотките и другиот видео материјал ... утре задутре - ке подигнам неколку фотки од свадбата ...
Им пожелувам на сите да си дочекаат веселба од карактер на свадба, кршевка и сл ... така вистински се шири македонизмот ...













































0 comments:
Post a Comment